(ВИДЕО) Никола Тодоров се прави дека е удрен со мокар чорап, не знаел за писмото со кое се бара болните од сколиоза да чекаат за операција

0
1707

Министерот Тодоров не знаел за писмото на Фондот со кое се препорачува клиниките да не упатуваат пациенти болни од сколиоза на лекување во странство. Вчера прв пат од медиумите дознал за ова. Писмото во кое се бара да се тактизира неколку месеци додека не се отвори болница за рбетни болни во земјава не било по негов налог иако болницата е проект на Министерството. Од неговиот кабинет забележале дека документот е интерен, испратен од Фондот до клиниките. Го посочуваат примерот на девојчето Тамара, за кое сметаат дека Тодоров лично се заложил, а доказ за ова се велат неговите изјави за овој случај. Нелогично би било претходно тој на Фондот да му го наложи спротивното велат од кабинетот.

Телма се обиде да ја добие и претседателката на второстепената комисија Анастасика Поповска за да објасни од каде потребата да се тактизира се до отворањето на спиналниот центар, но таа е недостапна. Дел од директорите на клиниките исто така не сакаат да говорат за писмото оти во моментов се води истрага за случајот Тамара Димовска. Потврдуваат дека биле повикани во обвинителството на распит и таму се што имале кажале. А токму кога овој случај беше актуелен еден од директорите во Фондот потврди зошто во овој период се одбивани сколиозите.

pismo-todorov

Писмото кое вчера го објави Либертас е испратено на осми октомви 2014. Во него двете комисии бараат  сите барања за лекување во странство за сколиози да се стопираат оти за неколку месеци ќе се отвори спинален центар. Во исто време тамара Димовска бараше лекување во Хрватска а истите комисии ја одбија. Првостепената и достави негативно решение на 6 октомври, два дена пред да биде испратено контроверзното писмо. Второстепената ја одбила Тамара на 30 октомври што е три недели после испраќањето на писмото. Инаку Тамара почина додека чекаше државата да и одобри лекување во странство. Позитивното решение го доби, но три дена по смртта. Заедно со неа Фондот испрати уште неколку позитивни решенија за деца кои исто така чекале лекување во странство.

Мајката на Тамара ги тужи и министерот и директорите и лекарите токму затоа што тактизирале со здравјето на нејзиното дете.

Видеото овде: Телма