(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, ЦЕЛ ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО ДПМНЕ ОД АЕРОДРОМ БАРА ВОНРЕДЕН КОНГРЕС ЗА БИРАЊЕ НОВ ЛИДЕР!

0
1160

Денес, поголем број членови на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Аеродром, одлучивме да ја поддржиме идејата и иницијативата за свикување на вонреден конгрес на партијата, вели Јоаким Димулков, член на ВМРО-ДМПНЕ од Аеродром.

– Меѓу нас има членови на општинскиот комитет,  претседатели на месни комитети, како и обични активисти. Поддршката на идејата за свикување вонреден конгрес во ОК Аеродром е голема. Партијата  е во очајна состојба. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било послабо. Никогаш во историјата на партијата немало ваква разединетост, помеѓу членовите како и меѓу членовите и раководството. Ова се само дел од причините поради кои решивме јавно да проговориме и да се обидеме нашиот глас да стигне до раководството на партијата. Раководството е целосно дистанцирано од комитетите и членството, како да се затворени во стаклено звоно – вели Димулков

Според ВМРО-ДМПНЕ од Аеродром одржувањето на вонреден конгрес е единствениот  начин да се спаси партијата, која, како што велат, е тргната кон амбис.

– Доколку не се преземат брзи чекори за крупни реформи и преиспитување на правецот во кој се движи партијата сметаме дека постои реална опасност партијата да западне во уште потешка криза. Се надеваме дека оваа наша порака ќе стигне до претседателот на партијата и ке ја прифати идејата за оддржување вонреден конгрес – вели Димулков.