(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НАДРЕАЛНА СЛУЧКА ВО БОЛНИЦАТА 8-МИ СЕПТЕМВРИ: Тодоров делеше решенија за работа на медицински персонал со датум на почнување со работа дури за 1 септември 2016-та година!

0
1252

reshenija 2016-ta

Денеска новинарските екипи беа сведоци на една надреална луда случка во болницата 8-ми септември, стотици болничари и медицински персонал френетично урлаа кога им се даваа решенија за работа а на решенијата датумот за старт на работниот однос е заведен 1 – 09 – 2016-та!!! Се распрашавме и дознавме дека повеќето се ангажирани за само 9000 денари и таа ќе им биде и платата кога ќе бидат префрлени од договор на дело во работен однос на неопределено време.

Имаше мал број и на такви што ќе почнат со работа веднаш но повеќето беа за по 6 месеци а најповеќе беа за догодина во септември! Неверојатно е како режимот си игра со судбините на овие луѓе. Најверојатно намерата е да се зачленат во ВМРО ДПМНЕ за да трчаат на терен се до септември наредната година со цел овој режим да победи за да тие добијат работа, она што им е ветено сега со ова пусулче.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=GxR8Dh2GmDo[/youtube]

Интересно и шокантно беше со каква еуфорија се земаа овие решенија, имаше солзи, честитања, гушкања, врескања, паѓаа во транс луѓево за мочани 9 000 денари и тоа кои ќе почнат да ги земаат дури догодина!!!

Впечатливо беше и како беше пречекан министерот Тодоров во салата, со врескање како да е Исус!

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=9v8yhJ_xhp8[/youtube]
Интересно беше и како шефицата на медицинските сестри во болницата даваше инструкции на насобраната толпа како да аплаудира и навива додека зборуваше Тодоров на бината:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=kXJ1h2p0IgE[/youtube]