(ВИДЕО) Наумов: 20 до 50 милиони евра годишно во домашни претпријатија, доаѓа домаќинска Влада

0
1003

„Денеска со граѓаните на Неготино, Демир Капија и околните места во директен контакт ќе разговараме за програмата и мерките на Социјал – Демократскиот Сојуз. Најголем дел од програмата и мерките се посветени на економијата.

Целта ни е да преку овие мерки создадеме економски амбиент, инвестициона клима со којашто ќе се овозможи да се реализираат нови, реални вработувања со повисока минимална плата, повисока просечна плата, да овозможиме повисоки пензии , мерки со кои ќе овозможиме бесплатно здраство и така натаму“, рече Кире Наумов, претседател на Комисија за финансии и дополнителен заменик-министер за финансии, во Неготино.

„За да се дојде до ова, неопходно е оваа власт да падне, односно да овозможиме да запре недомаќинското трошење коешто го прават во овие 10 години.

Граѓаните мора да знаат дека во 14 години од кога е на власт ВМРО-ДПМНЕ заедно со Груевски, 4 како министер за финансии, 10 како премиер на оваа власт ги задолжи граѓаните на Република Македонија за 70% од целиот јавен долг.

Во овој период, од 4.3 милијарди евра како официјален јавен долг којшто го има Република Македонија почнувајќи од 1945-тата година, 3 милијарди или 70% се резултат на потписот на Груевски и неговиот кум Ставресски .

Низ средбите со граѓаните, ќе се обврземе и ќе кажеме дека со нашата програма ќе обезбедиме 65.000 работни места коишто ќе бидат реални, дека целото тоа ќе го направиме врз основа на директни субвенции и помош на домашните мали и средни претпријатија.

Дека ќе ги изедначиме домашните и странските инвеститори, дека најмалку 20 до 50 милиони евра годишно ќе ги насочиме кон директна помош на домашните претпријатија, дека ќе овозможиме 15% враќање на данокот на додадена вредност.

Ние заедно со граѓаните на Република Македонија се бориме за слободна, демократска и европска Македонија и на тој пат не може никој да не застане“, изјави Наумов.