(ВИДЕО) Надлежните апелираат националистички пораки да не ја засенат вечерашната прослава

0
1348

Десетина пријави пристигнале до Хелсиншкиот комитет за ширење говор на омраза врз основа на етничка припадност-ова е епилогот од вчерашната прослава на скопскиот плоштад по победата на ракометарите на Вардар. Дека прославата поминала со инциденти и ширење националистички пораки говорат и видео снимките кои се појавија на социјалните мрежи. Хелсиншки реагира, надлежните да не бидат пасивни.

По најавениот пречек на ракометарите и МВР излезе со став. Апелираат граѓаните да се воздржат од ширење говор на омраза. Најавуваат строги казни и за сите оние лица доколу истото го сторат и преку социјалните мрежи.

„ Апелираме до граѓаните да не употребуваат навредливи пароли, скандирања или пеење на песни со кои шират говор на омраза, затоа што тоа ќе биде санкционирано. Апелираме до граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства затоа што на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните, како што тоа беше случај синоќа со една девојка што се здоби со повреди од пиротехничко средство“, пишува во соопштението на МВР.

За тоа дека вчера работите излегле од контрола, говори и фактот што биле демолирани 2 возила, 2 лица биле повредени, а 4 малолетници приведени. Славењето продолжува и денес.