(Видео) Моќен говор на Заев во Штип: СДСМ ќе ги предводи народните протести

0
1737

zaev 111

Злоупотребата на власта боли силно. Ќе мора да излеземе, толку беше. СДСМ ќе ги предводи протестите, но тоа нема да бидат партиски протести, туку протести на сплотен народ. Сите партиски симболи ќе ги тргнеме настрана. Ајде сите да си ја вратиме слободата. Протестите се неминовност. Сите оние кои имаат порив за протести да се обединат и заедно да си ја вратиме слободата, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва во Штип.

– Штип ги има втемелено сите историски вредности на оваа држава и одовде произлегле многу , за историјата на овој народ, важни личности. Ние треба да го следиме нивниот пат. Првиот претседател на државата Киро Глигоров, на својата инагурација кажа дека како држава во светот ќе бидеме разбрани и почитувани, само доколку се развиваме демократски. Но, сега светот не покажува со прст зашто важи правилото мисли како мене или си готов – рече Заев.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=AU7XsMheaLs[/youtube]

Заев истакна дека ги нема ветените работи за Штип како аеродромот, клиничката болница, студентскиот град и ветерниците.

Извор: Мета