(ВИДЕО) Мицкоски: Oбвинителите од СЈО да се вратат во матичните обвинителства

0
953

ВМРО – ДПМНЕ не може да прифати сите обвинители од СЈО да се приклучат на јавното обвинителство за организиран криминал, а Катица Јанева да биде унапредена за две скалила –  во републички јавен обвинител со оглед на тоа што доаѓа од основно јавно овиниелство, тоа би било голема неправда до сите останати обвинители во државата, порача Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

– Тоа го нема во ниту еден случај во светот, а е и грубо прекршување на се уште важечкиот закон за СЈО – истакна Мицкоски и предложи сите обвиниели да се вратат во матичните обвинителства,  а да се истражи инволвираноста на Катица Јанева во аферата „Рекет“  и нејзините релации со двајцата осомничени кои се во притвор како и на високите функционери од СДСМ.

Според Мицкоски, фузијата што ја предлага СДСМ е атак врз политичките неистомисленици, а амнестија на крииналите на врхушката на СДСМ.