(ВИДЕО) МИХАИЛОСКИ : ИНВЕСТИРАМЕ ВО СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД, СУБВЕНЦИОНИРАН ОБРОК ЗА 40.000 СТУДЕНТИ

0
787

Прес-конференција, Марко Михаилоски, претседател на СДММ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,
 
Субвенциониран оброк е последната во низата мерки кои СДММ и СДСМ ги преземаат за подобрување на студентскиот стандард и за младинските политики во целост.
По поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија, Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за субвенциониран студентски оброк.
Со ова, 40.000 активни студенти, на почетокот на секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци.
Министерството за образование и наука ќе изврши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците.
Измените овозможуваат корисникот на субвенционираниот оброк да може го оствари своето право кај секој еден трговец.
Покрај ова, постојано се инвестира во унапредување на условите за живот во студентските домови.
Минатата година заврши целосното реновирање на најголемиот студентски дом Гоце Делчев. Инвестициите во подобри услови за студентите ги сметаме за капитално вложување во иднината на државата. Токму затоа, годинава започна и Проектот за енергетско-ефикасна рехабилитација на студентските домови, започнувајќи од домот ,,Стив Наумов’’, а ќе продолжи во студентските домови во Прилеп, Битола, Охрид и Штип.
Сето ова се мерки и политики кои се во насока на унапредување на студентскиот стандард, за да имаме задоволни и мотивирани студенти.
Како социјалдемократска младина, како одговорна партија продолжуваме со реализација на квалитетни и остварливи младински политики што се во интерес на секој млад човек.
Обезбедуваме европски стандарди за студирање и работа дома, во својата татковина.