(ВИДЕО) МИТИНЗИТЕ НА ГРУЈО ВЕЌЕ СТАНУВААТ И МОРБИДНИ: Тргнал на митинг на ВМРО-ДПМНЕ со организиран превоз и загинал, а сопартијците „вмровци“ го оставиле на улица неговото безживотно тело и си продолжиле за Охрид!

0
1857

Тргнал на митинг на ВМРО ДПМНЕ со организиран превоз и загинал, а сопартииците го оставиле на улица неговото безживотно тело и продолжиле на пат за Охрид.

Делува морбидно, но оваа случка кај село Колари е вистината, вели за 24 Вести братот на загинатиот Седад Асановски.

Несреќниот 40 годишен човек загинал откако на паузата која ја дал возачот на автобусот го удрило возило.

Веќе четврти ден како неговото семејство се обидува да дознае што точно се случило во понеделникот на 21 и објаснуваат дека никој од претставниците на партиите ниту институциите не дошол да ги праша за случајот или пак да им понуди било каква помош.


GAVRIL STORIJA SEMEJSTVO ASANOVSKI 25 11 by 24vesti

„Таа вечер, еден негов пријател го викнал друштво да му прави за митинхот во Охрид, возел автобус од Шутка, не знам од каде тргнал. Застанале на Стража и не знам дали автобусот бил виновен или комбето на недобро место паркирано. Тој преминал да изврши нужда и наишло комбето и го удрило и на место бил мрттов. Од страна на власта не дошол никој да ни изјави сочувство. Тоа е срамота. Стока да се утепа па треба да се извести“ – вели Бари Асановски Брат на починатитот Седад.

Не се знае ниту колку време безживотно тело било оставено на патот.

Асановски објаснува дека институциите од нив не побарале ниту дозвола за обдукцијата која била направена. Биле во огромен шок и неверување кога телото на Седад било донесено во нивниот дом.

„Без никаков потпис, била извршена обдукција. Тој ден доцна дојдов дома, фамилијата беше под стрес, тоа беше голем шок. Тоа е проблемот што немаме од држава никаква информација“ – вели Бари Асановски.

МВР на 21 во својот билтен информираше за случајот но не беше споменато каде патувал Асановски, и дека всушност станувало збор за групен превоз.

Околу 18 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода во која Н.С (52) од Тетово, управувајќи „Мерцедес“ со скопски ознаки, удрил во пешакот С.А. (40) од Скопје. Во незгодата, пешакот починал на самото место.

Увид извршил и Јавен обвинител. Од Јавното обвинителство не добивме став. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека не се запознаени со овој случај, но доколку навистина е така бараат МВР и Јавното обвинителство да го расчистат.

Соседите објаснуваат дека семејството Асановски се вредни и добри луѓе. Седад оставил два сина и сопруга а неговото тело било погребано во средата во Батинци.