(ВИДЕО) Мираковска : Градиме нова инфраструктура во ТИРЗ -Прилеп, за нови инвестиции и нови работни места

0
971

Соња Мираковска – Кандидат за пратеник, коалиција „Можеме“ .

Денес сме сведоци на брзо решавање на проблемите на бизнисот во Македонија, на нивните потреби, на рушењето на административните бариери.

ТИРЗ зоната Алинци е пример за решавањето на вакви проблеми. Оставена без вода и пат, а денес во неа вложено 100 милиони за да биде модерна и спремна за нови инвеститори и нови работни места.

Водоводот во Зоната е целосно изграден, асфалтирана е внатрешната улица, а наскоро следува и поврзување на ТИРЗ-Прилеп со магистралниот гасовод.

Во финална фаза е изградбата на клучката, со што добивме целосно поврзување на зоната со патниот правец Прилеп – Битола, инвестиција од 240 милиони денари, која гарантира пред се безбедност на сите учесници во сообраќајот, како и брз проток на насоки и услуги.

Овие инвестиции се само најава за она што се обврзуваме и тоа 260 км автопати, 300 км експресни патишта, 900 км локални патишта.

Многу значаен проект во иднина е фотоволтаичното поло во Рек Битола кое ќе произведува чиста енергија од сонце и намалување на ископите на јаглен.

Кога ќе ги додадеме и проектите на гасификација на целата држава која се одвива со брзо темпо, прочистителни станици и регионални отпади, докажавме дека силно работиме за иднината, а таа е зелена, самоодржлива и енергетски ефикасна.

После победата на 15 јули, продолжуваме со изградба на модерна инфраструктура и силни градежни инвестиции.

Заедно #можеме уште повеќе и уште подобро.