(ВИДЕО) Милососки: Ако не го ослободат Љубе, ќе го тужиме Пејковски за продолжена тортура

0
1242

Доколку најдоцна за три дена не биде ослободен Љубе Бошковски, генералниот сектретар на Обединети за Македонија, Раде Милососки најави радикализирање на протестите, а за тоа ќе бидат известени сите релевантни фактори, меѓународната заедница и домашната јавност, пренесува „А1он“.

Според него, трпението на членството и поддржувачите на Обединети за Македонија е при крај, па доколку не биде потпишано решението за ослободување на Бошкоски, тие ќе поднесат кривична пријава против диекторот на затворот, Живко Пејковски за продолжена тортура која е политички мотивирана.

– Од ова место испраќаме јасна порака до директорот на затворот Живко Пејковски, веднаш и без одлагање да го потпише решението за ослободување на Љубе Бошкоски, кој незаконски и без основ го држи во заточеништво повеќе од три недели, вели Милосоки.

Според него, должност на партијата е да продолжат со одбрана од неправдата, противзаконското киднапирање и држење во петгодишно заточеништво во македонските зандани на Љубе Бошкоски.

Видеото ОВДЕ