(ВИДЕО) Мехмедовиќ : Тодоров да го објасни скандалот со инфицирани пациенти на Очно, дали се зголемува бројот и зошто!

0
1920

 ZlateПрес конференција на Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Министерот Никола Тодоров се скри и го пушти раководството на Клиниката за очни болести при Клиничкиот центар во Скопје да го објаснува скандалот со инфицираните пациенти.

Раководството на Клиниката писмено призна дека има компликации кај пациенти кај кои биле спроведени третмани!

Бараме од Никола Тодоров да не ги користи за оправдувања соработниците на Очната клиника, туку веднаш да излезе и да каже дали причината за инфекцијата кај оперираните пациенти е загаден препарат, според информациите коишто ги добивме?!

Дали и како загаден препарат, што се користи во тек на операција, се нашол на Клиниката за очни болести?!

Според последни информации што ги добивме од Клиниката, бројката на оперирани пациенти со инфекција, не само што не е неколкумина како што тврди раководството, туку ја надминала бројката за којашто информиравме вчера – 15-мина!

Дали е точно дека е зголемена на 25-мина бројката на пациенти со инфекција, откако им биле оперирани очите?

Бидејки раководството на Клиниката за очни болести тврди дека салите се отворени за операција, а истото тоа раководство призна дека има повеќемина пациенти со компликации, граѓаните мора да добијат одговори:

-Дали постојат повеќемина пациенти со компликации со инфективно потекло?

Според Правилникот за инфекции “доколку постојат два или повеќе случаи на болнички инфекции кои меѓусебно се поврзани по место, време и начин на појавување тогаш постои епидемија на интрахоспитална инфекција“.

Доколку постои инфекција, раководството на Клиниката морало да го утврди изворот на инфекција.

Одговорите граѓаните ги очекуваат од министерот Тодоров кој го уништи јавното здравство со неговите штетни политики.

Комисијата за здравство на СДСМ со голема загриженост го следи случајот.

Порачуваме, внимавајте на здравјето на пациентите, ќе следува одговорност!

https://www.youtube.com/watch?v=lwhMCtjL9mU&feature=youtu.be