(ВИДЕО) Мери Николова: Ако за 24 часа Владата не дозволи референдум за амнестија – камиони и трактори ќе ги блокираат улиците

0
1234

Screen-Shot-2015-09-23-at-13.39.38-685x320

Ако за 24 часа, владата не овозможи собирање 10 илјади потписи за да се поднесе предлог закон за амнестија, роднини на осуденици и граѓани со камиони, автобуси и трактори ќе ги блокираат улиците пред Собранието, најавуваат од иницијативата за измена на Законот за амнестија, кои трет ден протестираат пред Собранието, пренесува А1он.

Вчера на седница на Влада бил разгледуван предлогот на граѓанската иницијатива за Закон за амнестија, ги информираше Мери Николова роднините на осудениците кои трет ден протестираат пред Собрание.

Граѓанската иницијатива бара траењето на доживотните казни да биде 20 години, како што е уредено во повеќето држави – со конкретно утврдено траење. Понатаму, лица кои што навршиле 75 години по стапувањето на Законот за амнестија веднаш да бидат ослободени. Лица осудени до 6 месеци затвор, да се ослободат целосно, а лица осудени од 6 до 12 месеци да се ослободат до 50 отсто од изречената казна затвор.

– Да нема забуни, бараме 40 проценти за сите осуденици и така треба да одиме до крај. Ако еднаш потврдуваат, вторпат ако лажат – нема гласови за ниедна политичка партија. Иако сум од СДСМ, ќе ја скинам партиската книшка и одиме до крај, рече Николова пред роднините на осудениците.

Таа ја посочи Хрватска како пример, каде луѓето што се осудени на затвор до 3 години, казната ја издржуваат во домашен притвор, а сите кои одлежале две тртини од казната, се ослободени, без оглед за кои кривични дела биле осудени.

Видеото ОВДЕ