(ВИДЕО) МЕНДУХ ТАЧИ ПО СРЕДБАТА ВО ВЛАДА : ИМАМЕ ДОБРА ВЕСТ, УТРЕ ЌЕ ПОБЕДИМЕ А БЕСА ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ВЛАДА!

0
1041

Партнерите од владината коалиција вечерва се собраа во Владата на координација пред утрешното гласање за доверба во Собранието.

Според претседателот на Демократската Партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, на средбата присуствувале и претставници на Движењето Беса. Од партијата за Слободен печат ја демантираат таа информација.

„Премиерот ќе продолжи со својата работа. Ова е многу добра вест. И мнозинството има стабилност, Владата ќе продолжи.

Премиерот е овластен да разговара и со други партии, како и со други пратеници и очекувам дека утре-задутре ќе се придвижи бројот на пратеници кои ја поддржуваат оваа влада, која е проевропска и која сега го има својот капитален успех на 15 декември, отворањето на преговорите со ЕУ. Добри вести за граѓаните“, изјави Тачи по средбата.

Тој рече дека на средбата биле присутни сите лидери на партиите од коалицијата, „од господинот Ахмети до претставници на Движењето Беса“, но додаде дека се договориле да не се даваат премногу детали.

„Не е коректно да се каже дека ова мнозинство нема проблем. Проблеми има и ќе има. Ние не сме во една партија. Има различни партии и мнозинството беше тука“, рече Тачи.

Запрашан дали бил присутен и Биљал Касами, тој рече дека претставници на неговата партија присустувале.

„Утре малцинство ќе биде во парламентот“, нагласи Тачи, кој рече дека не верува оти утре ќе падне владата на Заев.