(ВИДЕО) МАСАКР НА ТВ ТЕЛМА – ХРИСТО КОНДОВСКИ ДО КОЊАНОВСКИ : МЕ ОСПОРУВАТЕ КАКО УСПЕШЕН МЕНАЏЕР, А ПОТОА ПРИМАТЕ ДОНАЦИЈА ОД МОЈА ФИРМА ! КОГА ВИ ДАВАМ ПАРИ НЕ СУМ ХЕНДИКЕП, АМА ОТКАКО СЕ ВКЛУЧИВ ОД ПРИВАТЕН СЕКТОР ВО ПОЛИТИКА СО ЦЕЛ ДА НАПРАВАМ НЕШТО ДОБРО ЗА БИТОЛА ТОГАШ СУМ ХЕНДИКЕП?! Е КАКО ТАКА БЕ КОЊАНОВСКИ?!

0
7212

За разлика од мојот противкандидат Тони Коњановски, јас никогаш не сум бил на државна функција и немам управувано со државни фондови. Секогаш сум бил професионалец во својата работа, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски на вечерашната дебата посветена на локалните избори на Телевизија Телма.

“Вие цел ваш работен век земате пари од државата. Јас тврдам дека 95% од моето портфолио каде што сум јас акционер, работам со приватниот сектор и со населението. Како професионален менаџер сум ја вршел работата професионално и успешно. Но, многу е важно дека не сум управувал со државни фондови и не сум имал јавна функција.

Вие сте цело време на јавна функција, и вашата фамилија. Како што бев професионалец во приватниот сектор, така ќе бидам професионалец и како градоначалник”, рече Кондовски обраќајќи се до Коњановски.

Кондовски го праша противкандидатот Коњановски од кога за ВМРО – ДПМНЕ занимањето професионален менаџер е хендикеп во трката за градоначалник на Битола. Прашањето, рече Кондовски, доаѓа по серијата напади кон него од кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ и неговата партија.

“ Господинот Коњановски од уста не го вади мојот претходен, професионален ангажман како приватен корпоративен менаџер и инвеститор. Не ги вадат од уста моите приватни компании со сите негативни реторики. Ги прашувам, дали тоа смета сега, откако сум кандидат, или од претходно?

Јас мислам дека претходно не сметаше затоа што овде имам една слика каде што вие сте сликани со еден од моите менаџери, каде што примате донација од една од моите фирми.

А, зошто баш сега ме напаѓате? Затоа што сакам да направам добро за Битола. Од реалниот сектор сега сме виновни, заборавате и на политика и на се, и сега се виновни и фирми, и Христо Кондовски. Од кога професионалниот менаџер е хендикеп”, праша Кондовски.