(ВИДЕО) МАСАКАР НА АЛСАТ М: ДОБРО ГОСПОДИНЕ МИЦКОВСКИ, ЗОШТО ГИ ЛАЖЕТЕ ВАШИТЕ ГЛАСАЧИ ДЕКА ЌЕ ГО ВРАТИТЕ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА?!

0
2498

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за новото уставно име, Република Северна Македонија и ставот кон него кога би дошле на власт.

„Кој вели дека ние ја игнорираме реалноста? Ние сме дел од владата на државата со оваа придавка. Но, не можам никогаш да се сложам со административното име бидејќи тоа е спротивно на моите принципи. За мене оваа држава длабоко која во себе ја носам како што сум ја наследил и ќе ја пренесам на моите потомци е Македонија, и тука не треба да има дилема“, вели Мицкоски.

Запрашан за тоа како ова ќе изгледа во пракса, кога Мицкоски би седнал пред табла на која пишува Северна Македонија и дали ќе го покрива тој дел од името, тој рече дека прво ќе треба да дојде до таква ситуација, па после ќе се наоѓа начин за функционирање.

„Но, јас лично не можам да бидам лицемер и да кажам дека оваа реалност ќе ја игнорираме. Таа е реалноста којашто ни ја донесе Зоран Заев и СДСМ. Но, никогаш јас не можам да се сложам со оваа придавка“, рече Мицкоски.

Во однос на тоа дека како премиер ќе мора да го користи новото уставно име Мицкоски праша каде ова го пишува.

„Мојот став по тоа прашање е јасен. Реалноста е таа, ние сме дел од таа реалност, функциониравме во тие институции, ќе продолжие да функциораме, но мене никогаш никој договор не може да ме обврзе да ја користам новата придавка. Никој, никогаш“, рече Мицкоски.