(ВИДЕО) Маричиќ: По секои избори Груевски има нов непријател

0
1485

10 страници за десет одговори на исто толку прашања за влијанието на Џорџ Сорос преку невладниот сектор во земјава. Поранешниот премиер, Никола Груевски во т.н. „мега интервју“ за медиумот Република во денешното продолжение ќе заклучи дека невладините работат против него исто онолку колку што и помагаат на опозицијата. Ваквата негова реторика е последица на лошиот изборен резултат, па после секоја партија избори тој има нов непријател, смета Бојан Мaричиќ од невладината Центар за европско образование во изјава за Телма телевизија. Ако во 2011 тоа беа медиумите кои го критикуваа, во 2014 фокусот се стави на “странски служби“, сега прстот е вперен кон невладиниот сектор.

Според, Маричиќ, не случајно Груевски во партискиот проглас предвидува „десорсоизација“, а сега на долго и широко критикува во своето интервју. Граѓаните благодарејќи на невладините со години протестираат против погрешните политики на власта предводена токму од него.

Груевски,пак, за интервјуто за Република, средбата со Џорџ Сорос во Прага ќе је опише како конструктивна, разговареле за прашањата за ромите и спорот со името. Директорката на Фондацијата отворено општество Фани Каранфилова Пановска, вели дека тврдењата на Груевски дека принципите на отвореното општество не се согласуваат со десницата, а се „во љубов“ со партиите на левицата се неточни и манипулативни, а Фондацијата Отворено општество Македонија останува и натаму ќе се бори со корупцијата и со секоја следна власт која ќе се обиде да ги зароби институциите на државата.

Пaртискиот проглас на ВМРО-ДПМНЕ и досегашнототинтервју посветено на наевладините и фондацијата отворено општество следат по инспекцискитеконтроли во дваесетина организации финансирани од СОРОС. Иако контролите беа најавени како редовни, дел од организациите се сомневаат дека со нив се врши дополнителен притисок за заплашување и замолчување на навладиниот сектор.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ