(ВИДЕО) Манчевски: Шанса за сопствен бизнис на младите со 10.000 евра неповратни пари!

0
937

Изјава за медиуми,
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
Радовиш, 16.09.2016

Почитувани,

Денеска Радовиш е напуштен град. Радовиш е осамен град. Младите го напуштија градот барајќи егзистенција надвор. Тоа се случува не само тука туку и низ целата држава.

Во оваа прилика сакам да им се обратам на родителите од цела Македонија. Мораме да ги задржиме младите во државата, мораме да ги вратиме оние коишто ја напуштија. Тие бараат шанса!

Државата планираме во следниот период на младите да им овозможи шанса за да отпочнат свој бизнис. Планираме за секој еден млад човек којшто ќе има добра идеја за почеток на бизнис да добие неповратни 10.000 евра помош од државата.

Тоа не се кредити, младите нема да се задолжат и нема да бидат оптоварени.

Државата е тука да помогне.

Покрај парите овие лице би добиле и просторни услови за работење, но и консултантска помош од искусни луѓе од соодветната област коишто треба да им помогнат во развивањето на својата идеја.

Главаната цел е да ги задржиме младите дома, во државата. Мора да им дадеме шанса и на оние коишто ја напуштиле да можат да се вратат.

Одговори на новинарски прашања:

Медиуми: Имавте средба со жителите на Јаргулица. За што разговаравте?

Манчевски: Генерален проблем на сите земјоделци на државата го имаат и граѓаните на Јаргулица. Ненавремената и селеткивната исплата на субвенциите таму е најголем проблем. Но огромен проблем се и ниските откупни цени. Со нив се разговараше за да наѓиот дополнителен заменик министер во министерството за земјоделство, Љупчо Николовски се обиде на обесправените, оние на коишто по политичка линија им се држат и им се касе со субвенциите да се обидеме да им помогнеме. Дополнително на луѓето им објаснивме кој е нашиот концепт за помош на земјоделците да формира интервентен фонд којшто на оние земјоделски култури коишто ќе бидат со ниски цени во одредена година државата да им помогне за да имаат пофер распределба на цената од профитот што го прават од земјоделските производи. Планираме исто така субвенциите покрај тоа што се делат по површина да ги делиме и по произведен килограм производ или грло добиток што е далеку поефикасен начин, помотивирачки начин, но и начин на којшто ќе се спречат злоушотребите и криминалот којшто со субвенциите ги спроведува оваа Влада.

Медиуми: Дали планирате Радовиш да го направите двојазичен град?

Манчевски: Апсолутно не!