(ВИДЕО) Манчевски од Валандово: Приближувањето на членството во НАТО, ги охрабри инвеститорите, сега го засилуваме темпото на реформите

0
1242

Не беше лесно, но успеавме да ја внесеме татковината во НАТО и да ја обезбедиме нејзината иднина. Потребни беа храбри чекори и заедно со вас ги направивме, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски од граѓанската трибина „На прав пат“ во Валандово.

-Но влезот во НАТО што значи, тоа е ставање печат на сигурноста, на безбедноста на државата. Ставивме печат и на безбедноста на границите на државата. Сега можеме слободно да си работиме на нашиот економски напредок.- истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски од трибината во Валандово.

Тој рече дека не е само безбедноста која ја добиваме со членството во НАТО, туку главниот мотиватор за странските директни инвесиции, за отворање на нови работни места, се токму евроатлантските интеграции.

Инвеститорите сфатија дека оваа држава е стабилна, на прав пат, оди напред, стануваме членка, но она кое што треба да го направиме е да го зголемиме темпото со кое ги спроведуваме реформите. Тоа следува во нашиот нов мандат, откако најтешкото е зад нас-посочи Манчевски.