(ВИДЕО) Манчевски: Наместо во панорамско тркало да се вложи во гасификација на Скопје

0
1629

Изјава за медиуми
Дамјан Манчевски, координатор на Советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ
Скопје, 28.06.2016

damjan 28 jun

На денешната седница за советнички прашања помеѓу другите прашања ќе поставиме и прашање за панорамското тркало коешто оргинално требаше да чини околу 18 милиони евра. Прашањата се во која фаза е изградбата, колку чии до сега изградбата и од каде се обезбедени финансиските средства.

Од информациите коишто сега ни беа достапни, најголем дел од финансиските средства се обезбедуваат од централниот буџет како и од донации од независни регулаторни тела, како на пример Агенцијата за електронски комуникации.

Затоа прашањето за панорамското тркало е нужно поврзано со прашањето за централниот буџет. Централниот буџет, буџетот на Владата во моментот е актуелна тема во Собранието и од тој ребаланс денеска разбираме дека средствата финансиски наменети за буџетот за Министерството за здравство се намалуваат за 9,4 милиони евра.

За Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој се намалуваат за 15 милиони евра. Се намалуваат и трошоците за железничката инфрасруктура за над 21 милиони евра и многу други примери.

Вкупно трошоците во централниот буџет за капитални проекти се намалуваат за 45 милиони евра.

Од друга страна во Скопје се гради панорамското тркало. Со пари од централниот буџет.

СДСМ и опозицијата бараат веднаш за запре изградбата на панорамското тркало и овие средства кога веќе се добиваат од државата да се пренаменат за гасификација на Скопје или пак за изградба на подземната сообраќајница.