(ВИДЕО) Манчевски: Македонија повеќе не може да си го дозволи ДПМНЕ! Мора да има промена на власта

0
1055

Изјава за медиуми,
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
Скопје, 12.11.2016
Почитувани,

Македонија повеќе не може да си го дозволи ДПМНЕ!

Мора да дојде до промена на власта за да стотици илјади наши сограѓани не ја напуштат државата.

Мора да дојде до промена на власта за луѓето да можат да живеат во Македонија.

Денеска сме овде симболично да му покажеме на Никола Груевски што мислат граѓаните за неговите листи на пратеници.

Денес завршија лагите дека ДПМНЕ ги научил грешките и дека мисли да се промени. Со овие носители нема да убедат никого дека по катастрофалните 10 години власт сега нешто ќе сменат.

Со лиситите и со нивниот слоган „Почнуваме“ всушност си се потсмеваат самите на себе. Многу е јасно дека завршуваат.

Џабе им е пратеничкиот имунитет. Злоделата којшто слушнавме дека ги правеле за нив следи многу подолга затворска казна отколку тоа што го покрива пратеничкиот имунитет.

Груевски веќе една година не е премиер. Си замина од функцијата поради корупција заради криминалот и заради незаконското прислушување на граѓаните. Граѓаните на Македонија тоа никогаш нема да му го заборават.

Со овие листи и со вкави носители Никола Груевски ќе доживее катастрофален пораз на 11 декември!