(ВИДЕО) Манчевски: Власта во заминување се плаши од соочување со граѓаните на фер избори

0
1487

Screenshot_4-675x320

За фер и демократски избори во Македонија мора да има нов избирачки список. Прашање е на техника како ќе се стаса до него. Ние уште од пред неколку години бараме целосна теренска проверка на избирачкиот список, а втора варијанта е на пример активната регистрација на гласачи. Постојат и други примери, но повторно е прашање на техника, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Очигледно дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за одолговлекување, сé со цел да не се постигнат никакви решенија, води до непочитување на договорот и до прекршување на неговите основни одредби.

Веќе е прашање на изводливост на многу од овие решенија за многу прашања. СДСМ останува посветен нa фер и демократски избори на 24 април. Меѓутоа, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се тие коишто не се спремни на 24 април 2016 година да се соочат со граѓаните на фер и демократски избори.

Ние како партија тоа нема да им го дозволиме.

Одговори на новинарски прашања:

П1: Дали се откажавте од активна регистрација на гласачите?

Апсолутно не, како што не се откажуваме ниту од целосната теренска проверка на избирачкиот список. Било која од овие две варијанти за нас сметаме дека може да му даде доволно кредибилност на изборниот процес односно, да создаде доверба на граѓаните, пред сé на граѓаните, коишто имаат изгубено доверба во институциите на системот и во самиот изборен процес, за да не ни се случат повторно вакви извештаи од страна на ОБСЕ, ОДИХР из а да енма потреба од нови извештаи на Прибе и нови негативни коментари и препораки од страна на ЕК.

П2: Главната мана на проектот за активна регистрација на гласачите е што нема доволно време. Има ли време да се спроведе теренска проверка на целото гласачко тело?

Апсолутно. Смао ако го земеме примерот на статистичката операција на попис, што нема никаква врска со проверката на избирачкиот список, и ги земеме бројките со коишто во Македонија со 8 илјади тима на терен, попис се спроведува за 20 дена. А, пописот е многу покомплицирана статистичка операција отколку проверка на избирачкиот список. Знаете, таму се бараат дополнителни информации за образование, националност, покуќнина, сé што луѓето имаат. Овде само се врши проверка на валидитетот на личните карти, на исправите коишто ги поседуваат граѓаните во изборниот процес. Така да, сметаме дека со многу помалку технички и човечки ресурси, за релативно кратко време може да се спроведе една ваква операција.

П3: Дали се согласуваат другите три партии?

За разлика од Антонио Милошоски којшто целоснио ги наруши одредбите од договорот како ќе се однесуваме во медиумите, јас нема да ги коментирам ставовите на другите партии.
Ние ги промовираме нашите ставови и активно сме вклучени цело време, и во однос на сите прашања, со цел да се постигне договор и договор на време. За нивните ставови и постапки ќе ги оставам самите да си коментираат, меѓутоа, доволно говори фактот дека, и во јавноста проструија информациите зошто некои од нивните преговарачи веќе не се со нас овде.

П4: А, зошто не се со вас?

Нека кажат самите.