(ВИДЕО) Манасиева : Владата предводена од СДСМ обезбедува месечен надомест за приватно сместување на 884 студенти и 347 средношколци

0
926

Изјава за медиуми, Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Драги студенти и ученици,

Во пресрет на најавеното отворање на студентските и средношколските домови низ државата, надлежните институции донесоа протоколи за целосно безбедни услови за живеење.

Домовите ќе функционираат со строго почитување на протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, донесени на седница на Влада, според кои во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.

Ќе се одржува редот и дисциплината, со ограничено движење и редовна дезинфекција, се со цел да го заштитиме здравјето на студентите и да овозможиме квалитетно следење на наставата и непрекинат образовен процес.

Заради намалениот капацитет во домовите, студентите и средношколците чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Со оваа мерка ќе бидат опфатени 884 студенти и 347 ученици.

Студентите и учениците ќе се пријавуваат на интернет платформата digitalizirajse.mon.gov.mk со внесување на потребните податоци и докази, по што ќе се исплатат предвидените средства.

Овие решенија се донесени заедно со студентите и средношколците кои се вистински партнер во целиот процес и рамноправно вклучени во креирањето на мерките, а нивните барања се имплементирани во новите предлози за законски измени на Законите за ученички ис стуеднтски стандард.

СДСМ останува посветена на заштита на здравјето на сите граѓани и полесно справување со последиците од коронакризата.

Одговорноста е заедничка и ги креираме најдобрите решенија со кои ќе го заштитиме здравјето и ќе обезбедиме успешна академска година и во време на пандемија.