(ВИДЕО МАКФАКС) БОЈКОТИРАМ УСПЕАЛЕ ДА СПАСАТ ЕДНО ТЕНЏЕРЕ СО САРМА, СИ ГИ БАРААТ ШАТОРИТЕ НАЗАД, ВО СПРОТИВНО ЌЕ БЛОКИРАЛЕ 40 ГРАДОВИ ОД ГЕВГЕЛИЈА ПА ДО ЉУБЉАНА!

0
1134

Два леба, тенџере за сарма и фотографија од претседателот Ѓорге Иванов – толку успеале да спасат организаторите на „Македонија блокира“ кога утринава камион на комуналните служби ги собирал остатоците од кампот што до вчера беше поставен во паркот Жена борец. Граѓаните кои денеска ги затекнавме во паркот се жалат дека кампот бил отстранет без претходна најава. Тие тврдат дека во текот на ноќта имало луѓе кои биле исфрлени од шаторите од страна на полицијата.