4.9 C
Prilep
Friday, April 19, 2024
Home Македонија (ВИДЕО) ЛУДИЛОТО НА ГРУЕВИЗМОТ СЕ ВРАТИ НА МАЛА ВРАТА : За време...

(ВИДЕО) ЛУДИЛОТО НА ГРУЕВИЗМОТ СЕ ВРАТИ НА МАЛА ВРАТА : За време на полициски час Чулев снима спот со 60 полициски коли за Денот на полицијата ?!

0
1192

Пред спортската сала „Борис Трајковски“ вечерва министерството за внатрешни работи го привлече вниманието на граѓаните кои живеат во близина снимајќи спот, пренесе Канал5.

Голем број на полицајци и полициски возила првично предизвикале загриженост кај граѓаните што точно се случува пред салата и дали се спроведува некаква голема полициска акција. Од МВР за Канал 5 појаснуваат дека не станува збор за акција туку се снима спот по повод претстојниот ден на полицијата.

„Станува збор за снимање на спот за потребите на Министерството за внатрешни работи за одбележување на Денот на полицијата 7-ми мај“, велат од кабинетот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кој беше присутен на снимањето на спотот.

Останува нејасно зошто како што велат од  МВР , било неопходно видеото да се снима во овој период од денот и покрај тоа што полицискиот час стапува на сила во 19 часот ?