(ВИДЕО) Локвенец : СДСМ покажа дека може да се справува со предизвиците, за Мицкоски тоа е непозната категорија

0
1241

Одговор на новинарско прашање од денешната прес-конференција на Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

П: ВМРО ве обвинија за суета и надменост затоа што ги одбивте мерките на Мицкоски? Зошто не прифативте ни да го ислушате?

Во време на голема светска криза, кога сите институции и сите одговорни граѓани се во функција на решавање на овој голем проблем, имаме ситуација во која Христијан Мицкоски, заедно со неговиот ментор Груевски, се обидуваат да привлечат внимание. Се обидуваат да шират паника, се со цел политички да профитираат.
Очигледно е дека ароганцијата има огромна потреба од внимание.
Токму вчера имаше Економскиот совет на Владата, предводен од премиерот Спасовски, во кои претставниците на опозицијата и дополнителната заменик министерка Кочовска и нивниот претставник Трајко Славевски можеа да ги понудат сите предлози кои ги има опозицијата по однос на решавање на овие заеднички проблеми. Но тоа не се случило.
Ние како партија покажавме дека сме спремни да се соочиме со предизвиците во изминатиот период. Се соочуваме со предизвиците и во овој момент и сигурен сум дека го имаме решението и ќе постапиме онака како што е најдобро се во интерес на сите граѓани.
Ги имаме примерите од шпекулациите поврзани со банкарскиот сектор, ги имаме предлозите од потребата за отворање на државните финансиски резерви и сите подобро запознаени во оваа проблематика се свесни дека станува збор за најголемото богатство кои го има оваа држава кои ги дава финансиските гаранции и кон банките во државата меѓутоа и во однос на задолжувањата на државата пред странските кредитори.
Не би давал дополнителни објаснувања затоа што упатените во оваа област многу добро знаат за што станува збор.