(ВИДЕО) Лалчевска : ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на пензиите на над 320.000 пензионери

0
1202

Прес конференција, Татијана Лалчевска, пратеничка од СДСМ

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ го покажува вистинското лице.

Преку својот својот пратеник Влато Ѓорчев ВМРО-ДПМНЕ го кочи зголемувањето на пензиите на 320.000 пензионери од идниот месец.

Со упорното незакажување на Седница на Комисијата за труд и социјална политика со која раководи Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ уште една пред целата јавност потврдува дека е против повисока пензија за 700 денари за секој пензионер во државата.

Пензионерите добро паметат кој им кратеше од нивните пензии цела деценија и не им ги исплаќаше законските усогласувања. Денес, ВМРО-ДПМНЕ прави се за да го закочи решението со кое пензиите значително ќе се зголемат.

Наместо да зема од џебот на пензионерите , СДСМ ги враќа парите кај пензионерите со континуиран раст на пензиите во законската рамка.

Со предложените законски измени кои што ги кочи Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари. Тоа е раст на просечната пензија за вкупно 1.746 денари, за само две години.

Законската измена предвидува покачување од 700 денари за секој пензионер и дополнително усогласување од околу 200 денари, што значи дека пензиијата не секој пензионер до крајот на 2020 година ќе пораснат за околу 900 денари.

Тоа е најголемо покачување на пензиите во последните години.

За споредба во 2016 тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите ад хок еднократно на пензионерите пред истекот на годината им исплати околу 560 денари или помалку од 60 денари месечно.

На прав пат сме, продолжуваме да се грижиме за повозрасните и да инвестираме во човечкиот капитал.