(ВИДЕО) Лазарова : Инвестираме во младите, 3.000 денари месечен додаток за млади вработени во производство

0
1014

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на вчерашната собраниска седница го усвои Законот за младински додаток кој поттикнува вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование.
Законот обезбедува месечна исплата од 3.000 денари на млади вработени лица до 23 години кои се вработени во производните дејности, се самовработени, вработени се преку приватна агенција, како и за младите индивидуални земјоделци.

Оваа мерка овозможува подобрување на животниот стандард на младите, но и ја стимулира атрактивноста на стручните занимања, за кои на пазарот на трудот постои голем интерес.

На овој начин истовремено им се излегува во пресрет и на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила, која тие ја бараат меѓу стручно образованите млади луѓе.

СДСМ преку конкретни мерки наменети за младите создава подобри услови за унапредување на стандардот и можности младите својата иднина да ја градат во Република Северна Македонија.

Младинскиот додаток заедно со мерките за стимулирање на интересот за дуално, односно стручно образование, зголемениот фонд на Оперативните мерки за вработување кои вклучуваат тренинзи и оспособување на младите за профили кои се барани на пазарот, во огромна мерка им отвора шанси за вработување на младите.

Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што значат вистинска грижа за младите.