(ВИДЕО) Котески: Луѓето кои упаднаа во студентските избори се членови на битолското ДПМНЕ

0
1145

благој кот тСоветникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Благојче Котески на денешната прес конференција рече дека повеќе од очигледно е дека врхушката на ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со новата реалност во која правната држава започнува да функционира, а тефтерчето на Јанкулоска ја губи својата моќ.

„Им смета фактот дека секој кој се огрешил пред законите и работел на штета на граѓаните ќе мора да одговара!

Им сметаат правдата и вистината!

Одлуката на Апелацискиот суд да ја одбие жалбата на осомничениот за криминал, Владимир Талески, оставајќи ја мерката од 30 дневен домашен притвор на сила, го вклучи алармот за паника во владејачката партија.

Збунети се што судиите секојдневно се охрабруваат и застануваат на страната на правдата, а му вртат грб на режимот.

Но назад нема!

Во текот на вчерашниот ден, со жалење може да констатираме дека луѓето кои извршија упад во изборниот процес на студенски лидер при УКИМ, се членови на ОК на ДПМНЕ Битола и вработени во јавни претпријатија и јавна администрација во Битола за време на периодот на владеење на ДПМНЕ.

Овие лица директно може да се поврзат со луѓето кои го оспоруваат спроведувањето на правдата во случајот Транспортер.

Тоа се:

Битолскиот актуелен пратеник Зоран Илиоски, бивш директор на ЈП Водовод Битола и бивш претседател на ОК на ДПМНЕ Битола.

Томе Аџиев познатиот лустратор, стрико на Игор Хаџиевски, екс секртетар на ОК на ДПМНЕ Битола, во мандатот на Зоран Илиоски, актулен советник во советот на Општина Битола и еден од потенцијалните заменици на Талески.

Клучното прашање на кое ДПМНЕ треба да даде одговор е:

Како лица вработени во админситрација во Битола, се ангажирани за време на спореведувањето на избор за студенски лидер во УКИМ во Скопје?

И дали клучниот организатор во упадот на автономијата на универзитетот е токму Зоран Илиоски, член на ИК на ДПМНЕ?
За доброто на Битола и биточлани, за доброто на Македонија, време е од ВМРО ДПМНЕ наместо лицемерно да го попречуваат прецосот на спроведување на правдата, за почеток да се обидат да го убедат Владимир Талески, веднаш да си поднесе неотповиклива оставка и веднаш да ги тргнат своите раце од автономијата на универзитетот!“, рече Котески.