(ВИДЕО) Костовски : Со над 500 амандмани на Законот за здравствена заштита, во време на ковид 19 ВМРО-ДПМНЕ се обидува да блокира

0
718

Одговор на новинарско прашање, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Прашање: Предмалку ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека манипулирате со граѓаните токму со таа опција дека опозицијата е против законите кои се во интерес на граѓаните нагласувајќи дека сите потребни закони ќе бидат изгласани во Собранието, но дека имаат спротивен став од вас за Деловникот и одтаму е онаа голема бројка на амндмани ?

Одговор: Уште една во низа шарена лага на ВМРО-ДПМНЕ и нивните членови, нивните функционери. Јас во пресот истакнав дека не се само голем број на амандмани поднесени за промена на Деловникаот за работа на Собранието, напротив поднесени се и над 500 амандмани за измените за Законот за здравствена заштита.

Овој факт, оваа информација го демантира тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат проблем само со промена на Деловникот.