(ВИДЕО) Костадинов: Пораз за Мицкоски е тоа што едвај 20 пратеници гласаа за интерпелацијата на Димитров

0
935

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов изјави дека тоа што во Собранието одвај 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласале за интерпелацијата на министерот за надворешни Никола Димитров е уште еден пораз за лидерот на партијата Христијан Мицкоски

-Дебаклот на Мицкоски е јасен, само една шестина од пратениците, од вкупно 120 пратеници, само 20 од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа интерпелацијата. Се изгуби цел еден ден за пратениците да расправаат за антизападните желби на Мицкоски, наместо да се посветат на реформите што се во интерес на државата и граѓаните. Ова е уште еден доказ, единствена цел на Мицкоски е да ја распушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече Костадинов.

Како што додаде, Мицкоски знае дека го чека пораз на претседателските избори, го чека пораз на парламентарни избори кога и да се одржат.