(ВИДЕО) Костадинов : Вината и одговорноста за скандалот со несоодветно третиран медицински отпад е целосно кај ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри

0
1024

Прес-конференција, Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ

Вината и одговорноста за скандалот со несоодветно третиран медицински отпад е целосно во белата палата, кај ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата „Еко-Клуб“ е во сопственост на Сашо Јанакиески, многу близок соработник на Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ. Сашо Јанакиески, сопственикот на „Еко клуб“ беше поставен за директор на унгарски трговски куќи во Скопје. Сашо Јанакиевски е почесен конзул за Македонија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерот кој му даде азил на Никола Груевски.

„Еко клуб“ е битолска фирма, која дебело се офајдила во времето на ВМРО-ДПМНЕ – тоа се гледа во бројните тендери од времето на вмросвскиот градоначалник на Битола, Владимир Талески.

Потенцираме – Сашо Јанакиевски, бизнис играчот на ВМРО-ДПМНЕ, го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла без при тоа да го обработи и уништи на соодветна машина што е надвор од прописите и договорите.

Таквиот отпад иако не смеел, го носел во дпонијата Дрисла бидејќи тоа му го овозможуал уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е Горан Ангелов, кој со години беше директор на депонијата, се до пред две седмици, откако Град Скопје го презеде управувањето со  Дрисла.

Тоа е истиот Ангелов кој преку негова фирма во Бугарија вршел незаконски увоз на контејнери опасен отпад од Италија и за кого се води истрага во соседна Бугарија.

Ако се знаат сите овие релации и пријателства на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ тогаш јасно е кој стои зад ужасот со медицинскиот отпад и кој поттикнувал потенцијална опасност од ширење зарази.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ која заради профит на поединци свесно го загрозувала здравјето на граѓаните и ја загрозувала животната средина. ВМРО-ДПМНЕ ги труе луѓето со отпад. ВМРО-ДПМНЕ штети на здравјето на луѓето!

Белиот дворец зад мене е вистинската адреса за тоа што медицински отпад со години нетретиран се депонирал во Дрисла.

Овој случај мора да добие правен епилог. Сите надлежни институции, особено јавното обвинителство, мора итно да го решат случајот и одговорните да бидат санкционирани.

Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Одговорност за овој и за сите други скандали мора да има.