(ВИДЕО) Костадинов : Блиските на груевизмот кои се зад Мицкоски како Сиљановска, Јовевски, Климовски не можат да понудат ништо освен обнова на режимот

0
1259

Тимот на Христијан Мицкоски не може да понуди ништо ново што е надвор од матрицата на деструкции, блокади, насилство и поделби.

Советникот Гоце Наумоски е брат на Васко Наумовски, некогашен вицепремиер за евроинтеграции и специјален пратеник на Ѓорге Иванов, во време кога државата беше заглавена во изолација.

Александар Климовски, синот на Саво Климовски, јавно на телевизија го оправдуваше насилството на крвавиот четврток.

Гордана Сиљановска и исцелителот Лазар Јовевски се веќе видени и истрошени личности кои верно му служеле на груевизмот.

Со такви ликови, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да се борат само за Обнова на режимот, заробената држава и груевизмот, но граѓаните тоа нема да го дозволат.

Државата е на прав пат, а нивната идеја за Обнова на режимот и заробената држава е повеќе пати одбиена од граѓаните дури 4 пати по ред во 2016, 2017, 2018 и 2019 година. И на парламентарни и на претседателски и на локални избори, но и на референдумот.