(ВИДЕО) Комплетно асфалтирана улицата „Петта Прилепска бригада“, наскоро ќе се асфалтираат уште многу други улици низ Прилеп

0
1210

Општина Прилеп ја продолжува градежната активност за рехабилитирање и асфалтирање на улици во градот.  Деновиве, нов асфалт доби улицата „Петта Прилепска бригада“.  Се асфалтираше површина од околу 7.500 метри квадратни. Градоначалникот Илија Јованоски заедно со Претседателот на Совет Миле Талевски денеска направија увид во завршетокот на градежните зафати на оваа улица.