(Видео) Каскадер прескокна болид на Формула Е со салто наназад

0
1161

Професионалниот каскадер Дамиен Валтерс успеа со салто наназад да прескокне болид на Формула Е, кој му се приближуваше од зад грб со голема брзина.

Предизвикот на Волтерс изгледаше многу лесен, бидејќи без проблеми го прескокна електричниот болид иако ниту во еден момент не се сврте.

Болидот се движеше со брзина од 100 km/h, па така каскадерот немаше право на грешка. Доколку скокнеше прерано, најверојатно ќе удреше на задниот дел од болидот, а доколку скокнеше предоцна болидот ќе го удреше во пределот на нозете.

Со болидот управуваше каскадерот Алистер Витон, кој смета дека неговиот колега направил лудост. Волтерс не го гледаше болидот, но имаше часовник на раката со чија помош одлучи кога треба да скокне, точно 6,6 секунди од тргнувањето на болидот.