(ВИДЕО) КАСАМИ ИСЕЧЕ 100 ДРВЈА ВО ТЕТОВО, ТЕТОВЧАНИ СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ – 100 ГОДИНИ ЧЕКАМЕ ДА ПОРАСНАТ, А ТИЕ ГИ СЕЧАТ ЗА 5 МИНУТИ!

0
926

“100 години чекаме да порасне, а тие за 5 минути ги сечаат”! – вака изјави револтиран граѓанин во изјава за порталот indeks.mk зборувајки за сечењето на дрвjата во Тетово, односно на улицата “Страшо Пинџур“.

И други граѓани анкетирани од indeks, велат дека постапката на Касами да ги исече тие дрвја била погрешна и неразумна.

Граѓаните меѓу другото му се лутат на Касами за сечењето на некои садници што самоиницијативно се засадени од дукјанџите.

Велат дека сечењето на дрвјата ја расипало убавината што некогаш ја имал улицата, но велат дека во иднина негативно ќе влијае и ќе ја влоши екологијата на градот.

Инаку, пред некои денови со одлука на општината и градоначалникот беа исечени значителен дел од дрвјата на улицата “Страшо Пинџур”. Но по дебатата со советникот Хамди Сулемани, и револтот на граѓаните, работите се стопирани и не се знае кога ќе почнат.

Освен на дрвјата, граѓаните му се лути на Касами што веќе неколку месеци не среди ниту еден пат во Тетово.