(ВИДЕО) Калински се поздрави со гледачите, организирана петиција да се врати за финалето на ЛШ

0
1506

Натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид беше последен за легендарниот коментатор. Ова се неговите последни зборови пред пензијата.

На социјалните мрежи веќе има и петиција, тој да се врати и да го коментира и финалето од Лигата на шампионите, односно натпреварот меѓу Јувентус и Реал Мадрид.

Еве ја петицијата – можете да ја потпишете на следниот линк:

Мора да се отиде во пензија, ама мора и тоа да се направи на најдобар можен начин.

Има ли подобар начин за одење во пензија, по 42 години рецитирање поезија, од тоа со својата верна публика да се поздравиш со длабок поклон од највисокото место на пиедесталот, од најголемиот спортски настан во годината, финалето на Лигата на шампионите?

Пред да се закотви во мирните пензионерски денови, најдобриот морнар мора да се соочи со најголемиот предизвик, со бурата од емоции која можат да ја направат само двата страстни клуба од медитеранот, великаните Јувентус и Реал Мадрид.

Фудбалот не е само спорт, тој е и љубов, и поезија, и живот, и тој мора да ја задржи оваа своја романтичност. Затоа, најголемиот романтичар во македонското спортско новинарство мора да се врати на бис и уште еднаш да не закове сите нас за фотелјите и да ни одржи уште еден поздравен говор.

Финалето на лигата на шампионите мора да биде со Калински!