(ВИДЕО) И овие како Диме Спасов, ЕБЕШ ЛУПАШ БЕГАШ : Откако се исплескале во тоа ЕНДЕКОТ по нивите НА СОЊЕ го оставиле џипот на министерството за труд и социјала и ПОБЕГНАЛЕ!

0
3504

Напуштен џип Лендровер сопственост на министерството за труд и социјала со години стои оставен во Горно Соње. Кој го оставил? Кој го возел? Зошто е оставен? Џипот е во релативно добра состојба, барем надворешно. Овој модел на џипови се произведуваше во 2009 та година, што сугерира дека не станува збор за хаварисано возило..

За жителите на Горно Соње е енигма. Секој ден поминуваат покрај него и имаат многу чуденки. Исто како и ние.
Според кажувањата на дел од жителите возилото веќе подолг временски период стои паркирано овде, а на предното седиште ја најдовме и сообраќајната според која возилото гласи на име на Министерството за труд и социјална политика.

Во сообраќајната уште пишува дека првата регистрација на џипот била пред 8 години,а последен пат е регистриранво 2013 та година.

Прашавме и во полицијата. Од МВР потврдуваат дека возилото е во сопственост на Министерството, но не знаат зошто досега никој ниту пријавил, ниту реагирал за него.

ТВ 24 стапи во контакт и со Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму велат дека џипот пред пет години бил доделен на јавната установа за сместување на лица – баратели на азил во Визбегово. Од министерството велат дека налогот за доделување бил потпишан во 2011 година од тогашниот министер Спиро Ристовски.. Сега ќе истражуваат зошто возилото завршило на нива и кој го оставил..

Џипот Лендровер доцна попладнево со возила на пајак службата беше дислоциран од Горно Соње.