(ВИДЕО) Интервју со Заев во Брисел за Дојче Веле : Очекувам министри со решенија а не со прашања

0
1330

Во интервју за Дојче Веле, мандатарот Заев изразува очекување дека составот на новиот владин кабинет ќе биде познат до петок, а оти најдоцна до средината на наредната недела Собранието ќе може да гласа за новата влада.

Мандатарот за состав на новата македонска влада, Зоран Заев во интервју за ДВ изрази задоволство од синоќешната средба во Брисел со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и заедничкиот состанок со останатите пет лидери на државите од Западниот Балкан и истакна дека не постои друга иднина за земјите од Западниот Балкан, освен иднината во европското семејство.

Меѓу другото лидерот на СДСМ говори и за актуелниот процес на преговори за составувањето на новата влада со останатите партии од парламентарното мнозинство, но ги наведува и своите очекувања од кадровските решенија за министерските функции.