(ВИДЕО) ЗА ОВА ЛУДО СТАРО ДЕДЕНЦЕ УБИЕЦ ДЕСЕТКА БЕЗ КРОМИД ВО ШУТКА НЕ МУ ГИНЕ : ПОЛИЦИЈАТА ГО ИДЕНТИФИКУВА СТАРОТО КОЕ НА КРВАВИОТ 27-МИ АПРИЛ И НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ НА ШЕЌЕРИНСКА ВРЗ ГЛАВАТА

0
2066

Според сознанија на Телевизија 24, полицијата го идентификувала лицето коешто тешко ја повреди актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, во нередите кои се случија на 27. април минатата година.

Како што неофицијално се дознава, се појавила уште една снимка на која може да се види ликот на човекот кој со статив за камера ја удира по глава, притоа и нанесува тешка повреда во вид на расекотина, а којашто мораше да се санира со хируршка интервенција.

 Дали идентификуваниот напаѓач е приведен и каква постапка ќе се поведе против него, засега останува непознато.

Нападот може да се види почнувајќи од 01:09 на видеото од Радио Слободна Европа:

За влечење за коса, на 12. октомври минатата година, скопскиот кривичен суд го осуди Панче Ангелов (66) на казна затвор во траење од четири години.

На повеќе снимки, кои сведочеа на немилите настани од 27. април минатата година, можеше да се види како Ангелов ја влече тогашната пратеничка, Радмила Шекеринска за коса, но тој пред судот се бранеше дека, наводно, тоа бил единствен начин да ја спасел од агресивната толпа која влезе во Собранието на Р.М.