(ВИДЕО) Запрепастувачко признание на работник во „Дрекслмаер”: Немаат камшик, но имаат софистициран облик на робовладетелство

0
1309

Цивил Медиа пренесува изјава на работник од Велес кој работи во странската инвестиција Дрекслермаер во Кавадарци. Како и многу други, нашиот соговорник инсистира на анонимност, бидејќи се плаши дека ќе ја изгуби работата, а и дека ќе биде мета на други притисоци.

Неговата сторија е потресно сведоштво за борбата за опстанок на работниците кои се приднудени да бараат работа која е слабо платена, каде условите за работа се тешки, каде заштитни средства добиваат само кога доаѓаат претставници на компанијата од Германија и каде единственото нешто што е од 21. век се машините на кои работат работниците.

„Работиме и по 13 до 15 часа… Немаат камшик, но имаат софистициран облик на робовладетелство.“ – вели нашиот соговорник.

Не можат да се организираат во синдикат. Тоа не е забрането, но тие што ќе се обидат да се организираат, догворот за работа, кој вообичаено трае до шест месеци, едноставно, не им се продолжува.

Работникот особено се жали на односот на локалните менаџери и верува дека за ова не се знае во Германија од каде потекнува компанијата.

Прилогот го подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.