(ВИДЕО) Заев: Утре нова средба на лидерската четворка

0
1248

– На следните избори, ако бидат фер, здружената опозција ќе победи со 100.000 гласови разлика. Тоа се нашите проекции, но и ќе мора да се помачиме – рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во емисијата 24 Анализа на телевизијата 24 Вести, одговарајќи на прашањето на главниот уредник на телевизијата, Сеад Ризвановиќ што прогнозира Заев, со огледна тоа дека на досегашните избори имало голем диспаритет меѓу гласовите за актуелната власт и за опозицијата.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=xs4w515Bryw[/youtube]

– Работите се променија. Неговото заминување е неизбежно, тоа му е јасно и нему и на граѓаните на Македонија. Времињата се променија и јас знам што ќе се случи во април 2016 година – рече Заев.

– Избори без опозицијата не може да има. Никола Груевски и Али Ахмети едноставно после се не може сами да одат на избори. И јасно им е дека мора да се седне и да се подготват фер и демократски избори. Крајно време е политичарите да ја преземат вината за нашата земја. Заев, Груевски, Тачи, Ахмети. Тоа е обврска на политичарите, мора да преземат храбри и одлучни чекори – рече Заев.

Тој откри дека лидерите на четирите најголеми партии, односно Никола Груевски, тој, Али Ахмети и Мендух Тачи ќе имаат нова средба утре.