(ВИДЕО) Заев: Судството е клекнато на колена, комплетно уништено!

0
1005

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 01.11.2016

Јавноста беше сведок со вашето присуство и можевте сами да видите дека ова е клекнато на колена, комплетно уништено судство.

Денеска претседателот на судскиот совет и самиот судски совет, покажаа пред јавноста дека немааат намера да водат правен процес, туку водат политички процес.

Суштината на одлагањето се состои во неколку моменти, тоа е целокупната стратегија на бандитската власт којашто има намера да го држи во живот процесот којшто е врзан со најсуштествената тема во Македонија, а тоа е кој го правел и кај го правел прислушувањето во Македонија. Зошто сега се повлекува судија поротник и зошто сега се бараат нови судии, па се купува време да обезбедат безбедносни сертификати, зошто судијата не повлече веднаш поротници судии коишто имаат безбедносни сертификати, зошто и денеска не е повикан единствениот сведок, Никола Груевски да дојде на ова судско рочиште?!

Ова денеска пред целата јавност и вашето присуство потврдува само едно, ова македонско судство мора да биде променето, македонското правосудство и правен систем воопшто не постојат и тоа за наша среќа ќе трае уште 40 дена.

На 11 декември ова завршува, овој срам за Македонија, конечно завршува.