(ВИДЕО) Заев: Субвенции за тутунот од 60 до 80 денари, четвртата класа ќе ја укинеме!

0
1011

Изјава за медиуми
Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4
Могила, 05.12.2016
Денеска сме во Могила во еден од најголемите земјоделски краишта во Македонија, срцето на Пелагонија, каде што има многу работлив народ, трудољубив народ, но навистина и овде тешко се живее.

Овие лажни политики во земјоделијето ни го запустија и земјоделството и ги оставија на дното на сиромаштијата нашите земјоделци.

Во овој крај сакам да испратам порака дека состојбите во земјоделството ќе се променат. Најважната мерка во новата Влада ќе биде да обезбеди пласман и државата да гарантира за откупните центри.

Стратешките производи како житото, тутунот, јаболкото, дел од градинарските производи и други производи којшто се важни за Република Македонија ќе бидат приоритет на идната влада и Владата ќе биде таа којашто ќе посредува помеѓу земјоделските производители и откупувачите. Работата на земјоделците ќе биде да произведат квалитетно земјоделско производство и колку што е можно по обем повеќе, а државата ќе биде таа којашто во нивно име ќе застане во разговори со откупувачите се со цел да ги покачиме цените и да обезбедиме достоинствен пласман.

Ќе обезбедиме нови пазари коишто досега се затворени за македонските пазари и за нашето земјоделије со што ќе створиме натпревар помеѓу откупувачите кој повеќе ќе плати тој да го откупи земјоделското производство.

Во делот на производството на тутунот којшто исто така е застапен еден дел од овој крај, ветуваме субвенции зголемени од 80 денари за првата класа, 70 денари за втората класа, и 60 денари за третата класа, четврата класа ќе ја укинеме. Во разговорите со земјоделците и откупувачите, а тоа е возможно решеније се со конечна цел да не губат земјоделските производители, а на долг рок преку тоа губат и самите откупувачи.

Вкупните субвенции ќе бидат 160 милиони евра годишно тие ќе доаѓаат до вистинските земјоделци и преку тоа ќе можат да добиваат субвенции навремено, тогаш кога им треба и со конечни цели за ефекти којшто сакаме да ги постигнеме со земјоделството. Пример, ако 3 тона, се вади од 1 хектар жито, секој оној којшто ќе произведе 10% повеќе или 3,3 тона повеќе за 10% за вкупната количина ќе добие повеќе субвенции, целта е да мотивираме зголемена продукција на земјоделското производство, а со тоа и да останат повеќе пари кај земјоделските производители.

Она што ќе биде поразлично во периодот којшто претстои претставува целосна посветеност со искрени резултати на новата Влада којшто треба земјоделците да ги почувствуваат. Јас сум убеден дека сите овие неправди којшто овој крај ги трпи, а тоа е бизнис распределбата на земјоделското земјиште на блиски луѓе до влсата и понатаму субвенциите да одат само до нив, а тие ги даваат под закуп на други земјоделци, ќе заврши оваа работа. Навистина ќе направиме ревизија комплетна на распределбата на земјоделското земјиште, се со конечна цел ова државно земјоделско земјиште да дојде до вистинските земјоделци којшто имаат намера искрено да работат со земјоделије, да живеат од земјоделије и да егзистираат се разбира тие и нивните семејства од својот труд.

Во периодот којшто претстои една од целите е токму и земјоделецот да има просечна месечна плата од 30.000 денари тоа се некаде 360.000 денари по возрасно лице во семејство, тоа е минималниот праг со којшто очекуваме да има достоинствен живот во земјоделството.

Убедени сме дека ваквата политика ќе донесе резултат затоа што знаеме дека кога селата имаат, и градовите ни живеат во Македонија.