(ВИДЕО) Заев: Среќен сум што Собранието се распушти, Македонијо, нека ни е со среќа

0
1120

Одговори на новинарски прашања на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

Медиуми: Изборната програма ја нарековте План за Македонија. Какви проекти содржи?

Заев: Планот за Македонија и конечните цели се: ќе го покачиме на животниот стандард стандард за 70 проценти. Најмногу се економски мерки. Да решиме невработеноста, младите да останат овде. Кога млад човек ќе заврши образование, општеството веднаш да се пушти кон него, да му даде практична едукација, веднаш да му понуди работно место.да му даде можност да напредува во кариерата. Конечно да бидеме насочено буквално да ги ловиме младите, со нивен ангажман овде. Но, притоа и да ги намалиме трошоците за живот. Сите овие макро трошоци што секој ден доаѓаат до секое семејство, да ги намалиме. Да ја вратиме ефвтината тарифа на струјата, да ја укинеме радио дидуфната такса, да ги намалиме извршителсклите трошоци на извршителите на не повеќе од 10 поњсто од глаавниот долг. Да ги укинеме сите овие казни кои доаѓаат кон граѓаните. Намалувајќи ги трошоците на граѓаните, а вбризгувајќи повеќе пари во секое семејство, ќе го покачиме стандардот и намалиме трошоците, и на крајот ќе добиеме финаниски квалитет на граѓаните. Секако, граѓаните од нас очекуваат да го решиме правосудството, и законот да важи 3еднакво за сите, да има правда во Македонија. Од нас се очекујва да има слобода и независни и демократски институции и да ја департизираме државата. Но сите граѓани очекуваат економски решенија каде што ќе се видат трокму себеси. Покрај принципот на повиски плати и пониски трошоци, наша конечна цел е да враќаме пари по сите основи. Мерката за поврат на ДДВ, 15 посто за секој граѓанин ќе значи околу 30 000 денари приход плус во секое семејство, од самиот момент на потрошувачка на трошење на парите, секој ќе враќа ДДВ. Конечна цел е народот, граѓаните, поединецот, единката во нашето општество. На тој начин, ако луѓето имаат пари, ќе ни ја биде и државата. И државата ќе има интерес ако граѓаните имаат пари.

Медиуми: Господине Заев, вчера се распушти Собранието, меѓутоа не се донесе одлука за шестата изборна единица. Зошто СДСМ воопшто не предложи некаква расправа околу ова прашање за коешто велевте дека пред да се распушти Собранието ќе треба да се донесе одлука бидејќи шестата изборна единица има незаконски број на гласачи?

Заев: Ние бевме многу активни во овој процес. Решение постоеше на два начини. Првиот начин во нашата активност во Парламентот, а и јавно ја истакнуваме – една изборна единица, цела Македонија. Тогаш немате над 5 проценти, под 5 проценти. Кога ќе е една изборна единица Република Македонија, тогаш е решен и овој проблем. Ниту една од владејачките партии тоа не го прифати, одбиваа да разговараат за тоа. Второто решение го оставивме – еве вие сте владејачки партии, како вие ќе се договорите ние ќе го прифатиме. И не успеаа да се договорат на ова прашање. Секако, процентот е 5,28 на шестата изборна единица. Ќе го видиме со конечното објавување на Избирачкиот список пред избори, што значи и прочистувањето коешто се случи, дали тој процент се уште додржува да биде 0,28 посто повеќе од просечниот, како што е дефиниран во правната регулатива во Македонија. Секако, не е прашање на коешто треба да кубиме коси и да правиме паника, но убаво беше да го решиме. Треба владејачките партии да дадат одговор, зошто не успеаа да го надминат ова прашање поврзано кога од опозицијата имаа отворена поддршка, какво и да е решението на овој проблем.

Медиуми: Господине Заев, ќе биде декември или…

Заев: 11 декември е денот на изборите, денот на промените во Република Македонија. Нема или. Денеска треба официјално да се распишат изборите, тоа го најави Трајко Вељаноски, вчера се распушти Парламентот со консензус на сите партии и конечно ќе имаме избори во Македонија. Сите знаеме дека намерата на власта беше да ги пролонгира заедно со локалните. Зошто? Да ги дислоцира темите. Од важните теми во Македонија – да се зборува за тротоарче, за улица, за водовод. Граѓаните бараат пари. Да има повеќе пари во секое семејство, бараат економска иднина, економска перспектива, бараат криминалците да сносат одговорност, бараат законот да важи подеднакво за сите. Не успеаја, колку и да се обидуваат, кај нас да најдат причина за нивно одложување на изборите. Јас сум многу среќен што конечно вчера се распушти Парламентот, денеска ќе бидат распишани изборите, и можам само да и посакам на Република Македонија и на сите граѓани – Македонијо, нека ни е со среќа, доаѓа ново убаво време кадешто сите ќе бидеме сплотени, единствени, здружени, со конечна цел, да проектираме и изградиме Македонија којашто ќе биде подеднакво мајка за сите граѓани, достоинствено место за живот за сите нас.