(ВИДЕО) Заев со одговори на новинарски прашања

0
1458
Претседателот на СДСМ Зоран Заев посочи дека не ги смета преговорите за окончани, туку дека премиерот Груевски го урнисал договорот постигнат од 2-ри јуни со тоа што „купувал време“ и ги одложувал средбите.
Z.Zaev
На прашањето за анкетата на Американскиот републикански институт (ИРИ), која покажува предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, Заев рече дека во тие бројки не верува ниту премиерот.
-Во хибриден режим во кој опстојува нашето општество, анкетите се нерелевантни и никој не верува во нив, ниту Груевски. Да веруваше ќе постигнеше договор и ќе одеше на избори каде граѓаните ќе можеа слободно да одлучат. Тој се плаши од тој момент и за него анкетите не му се од верување и затоа не сака да се договори со опозицијата за фер и демократски избори – одговори тој.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=uZgasTZFAw4[/youtube]