(ВИДЕО) Заев: Сите граѓани вечерва да се чувствуваат како победници

0
1423

Денеска граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ.

Денеска е голем ден за демократијата и слободата во Република Македонија, ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев кој попладнево гласаше во избирачкото место во Струмица.

– Денеска по пат на фер, демократски и слободни избори, граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат за евроатланска интеграција на Македонија, ќе заокружат едно општество за сите во Македонија, ќе заокружат развиени економски општини и развиена економска држава – рече премиерот Заев.

Тој додаде дека очекува денот да помине во знакот на сериозноста на самите локални избори, кои, како што рече, се од голема важност за Република Македонија.

– Пред сè, се надевам на фер и демократски избори, само така сите победуваме во Македонија, а на крајот преку нашиот глас, преку процентот на излезеност, навистина даваме поддршка и за иден раст и развој на сите општини во нашата земја. Им посакувам на граѓаните, вечерва сите да се чувствуваат како победници – рече Заев.