(ВИДЕО) Заев: Парите кај граѓаните, подавам рака за живот!

0
1235

Ветив насекаде ќе ветам и тука!

На триумфалната капија на срамот во Скопје ќе ставиме бројчаник и секој нов вратен милион евра ќе врти бројчаникот!

За секој денар, за секое евро, за секој франц, за секој долар украдени пари! И назад сите украдени пари ќе ги вратиме преку редистрибутивните механизми на Буџетот до вас, до граѓаните.

До секој од вас, оти тоа се ваши, ваши украдени пари. Душата ви ја исцадија овие 10 години. Душата ви ја зедоа“, рече Заев.

Нека се чуди Никола Груевски. Допрва ќе се чуди. Нешто не му е јасно, како 15 проценти од платеното ДДВ во фискалните сметки граѓаните ќе си го добиваат назад. А му беа јасни процентите од провизиите што ги договарал со Миле Јанакиески за автопатите, од како што вика од жутите.

Не му текнува како да врати една плата годишно во секое семејство преку оваа мерка, а му текнувало како да изнесе заедно со фамилијата над 5 милијарди евра пари на граѓаните.

Додека вас ви се трупаат неплатени сметки и казни дома, Груевски со фамилијата си трупал пари по странски сметки.

10 години имаше – економијата е катастрофа, животот ни е загрозен, егзистенцијата ни е загрозена, на работ на провалијата стоиме – таа на која го качил глумецот од украдениот рекламен спот за да ве убедува колку е тој за Македонија.

Ако е за Македонија зошто не врати 15 проценти ДДВ за секој граѓанин и не обезбеди плата плус во секое семејство?

Јас ќе бидам премиер, јас ви гарантирам – новата Влада ќе донесе закон со којшто на секој граѓанин ќе му врати по 15 проценти од платениот ДДВ во фискалните сметки што ги добивате кога купувате и ќе обезбедиме плата плус во секое семејство во цела Македонија.

1

Зошто ја поскапе струјата за 100 проценти, а ја укина евтината тарифа на струјата?

Ви ветувам, ќе ја вратиме дневната евтина тарифа на струјата и ќе има евтина струја цел викенд.

Зошто не обезбеди праведни јавни давачки за граѓаните, за градинка, за училиште?

Се обврзувам – кој има помалку ќе плаќа помалку. Оние со најнизок доход, воопшто не плаќаат.

Зошто блокираше сметки на илјадници граѓани, им натовари извршители и им го загрози лебот за децата, ЗА РАДИОДИФУЗНА ТАКСА!
Да знаете – ќе ја укинеме радиодифузната такса!
Зошто не обезбеди здравство достапно за сите туку само скапи приватни клиники за фамилијата?

Да знаете – ќе има бесплатно болничко лекување за сите! За сите! Ја укинуваме партиципацијата за болничко лекување! Секој да може болнички да се лекува, да не зависи од тоа дали има да плати или не.

Зошто не ги намали трошоците за земјоделците? Овде многумина од вас жи веат од ориз – дали живеете, или преживувате?

Субвенциите ќе ги качиме на 640 милиони евра за цел мандат и ќе бидат редовни, навремени!

Ќе воведеме субвенции за нафта од 50%, субвенции за механизација од 50%, ќе го укинеме персонален данок за сите на кои земјоделството им е основна егзистенција.

На овие избори ВИЕ ПРАВИТЕ РАЗЛИКА. Очекувате да живеете како досега, или очекувате живот“, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ, на синоќешниот митинг на СДСМ и коалицијата во Кочани.