(ВИДЕО) Заев : Очекувам Законот за јавно обвинителство да влезе во собраниска процедура

0
1083
Одговарајќи на новинарски прашања околу Законот за јавно обвинителство претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска истакна дека во конченото законско решение опфатени се предлозите што произлегоа од работните групи, како и сугестиите од дел од политичките партии и независната пратеничка група во Собранието и согласно постигнатиот договор, очекува дека  Законот ќе влезе во собраниска процедура.
Претседателот Заев уште еднаш ја потенцираше важноста од носењето на овој Закон за правдата и европската перспектива на земјава и апелираше на одговороност од сите парламентарни партии во името на иднината на државата.
– Правиме се за Собранието да работи во полн состав за да можеме да го обезбедиме потребното двотретинско мнозинство. Денеска сите ќе ја видат конечната верзија на Законот, со вградени предлози на сите пратенички групи и согласно тоа тие ќе се изјаснат, имаме предвидени три дена за дебата и верувам дека пратеникот Артан Груби како претседател на надлежната комисија уште утре ќе ја свика дебатата. Во работа со стручните луѓе од Делегацијата на ЕУ и американската амбасада, создадовме решение кое навистина заслужува консензус. Уште еднаш испраќам директна покана до Христијан Мицкоски и повик до ВМРО-ДПМНЕ да учествува во овој закон, затоа што се што бараа во овој период низ разговорите кои две години се случуваат е веќе вградено. Имаме законско решение што дефинитивно ќе и помогне на нашата држава на патот кон ЕУ, но и дефинитивно ќе им помогне и на нашите граѓани да дочекаат правна држава која ја очекуваат, посочи Заев.
Запрашан за можноста ВМРО-ДПМНЕ да го закочи носењето на Законот преку поднесување илјадници амандмани, претседателот Заев посочи дека токму затоа е разговарано пред усвојувањето на предлог законот од страна на Владата, за да нема отворање на амандмани во Парламентот на коишто може да се поднесуваат амандмани.
– Денеска е планирано да има седница на Влада за да може да се фатат последните три дена за дебата, како што е пропишано за законите со европско знаменце и да може да завршиме до распуштање на Парламентот. Меѓу другото, реков дека Парламентот може да го одложи распуштањето ако некој се обиде да направи „филибастеринг“ или блокирање на одредени законски решенија. Но секако на 12 февруари се распишуваат изборите и верувам претседателот Талат Џафери тоа ќе го направи, за да нема дилеми дека изборите се на 12 април. Сепак, верувам дека ги отстранивме сите можности за блокирање преку амандмани со тоа што правевме напори сите заедно да разговараме уште пред усвојувањето на законот на Влада, заклучи престедателот Заев.