(ВИДЕО) Заев од Струмица: Изборете се за својот живот, шансата во недела и иднината се во ваши раце!

0
1414

Дел од обраќање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4
Струмица, Митинг, 09.12.2016
Почитувани струмичани,

Барам вечерва од вас поддршка за секоја моја подадена рака за годините наназад. За секој тротоар и квадратен метар поплочен, за секој квадратен метар асвалт, за сите нови водоводи, за сите нови канализации, за сите убавини во Струмица, тоа е мојата сила и мојот кредибилитет и мое право да ја барам вашата поддршка.

Струмица стои позади мене и благодарение на Струмица барам мандат од Стурмица и од цела Македонија!

Дозволете од моја Струмица и ваша Струмица да испратиме пораки до сите оние кои сеуште се плашат, молчат нешто да не изгубат, можеби се дел и од владеачките гарнитури.

Денеска веќе знаеме се. Се се знае, знаат и врапчињата дека уште 4 години режим нема. Но сега е моментот и отчукува саатот, уште 3 дена останаа.

Почитувани вработени во јавната администарција, вие задно со примателите на социјална помош, примателите на субвенции, треба да знаете вашите примања се загарантирани со закон, нив не ги дава ни Заев, ни Груевски, тоа се од вашиот пот и од вашиот труд и од даноците на оваа земја Р.Македонија кои ги плаќаат сите граѓани.

zaev-strumica-1

Немојте да молчите, немојте да спиете дома без да дадете придонес! Оваа Македонија не е само наша, ова е и ваша Македонија! Имате обврска затоа што сте родители на нечии деца, затоа што сте деца на некои родители, затоа што сте браќа и сестри на некои луѓе, оти сте чичковци, тетки, вујковци и вујни на некои граѓани на Македонија. Имате обврска оти оваа Македонија исто и ваша. Излезете и изборете се за живот, и за ваша слобода, и за ваша правда!

Испраќам вечерва порака и до сите возрасни луѓе, до бабите и дедовци.

Почитувани баби и децовци, се сеќавате ли кога се роди вашето прво внуче? Кога ја видовте првата насмевка? кога ви го стисна прстот? Зарем заборавивте оти плановите беа да ги гледате како се женат и мажат? Како деца основаат овде во Македонија? Да ги гледате околу вас? Ќе ве прашам отворено каде се сега вашите внуци? Може ли тоа да го промените, да бидат до вас? Може!

Пенкалото во раце на 11 декември да гласаме за живот за да ни се вратат децата и внуците овде во нашата Македонија.

Почитувани млади луѓе ќе ве прашам отворено со кренато чело и сакам одговор. Иднината и Македонија ви припаѓа вам. Имате две опции, едната е да ги фатите белото знаме и да се предадете и да продолжите по бродови и странски земји, и втората опција е да го зграпчите црвеното знаме и да се борите гордо, овде во вашата земја, во Република Македонија.

Ве повикувам рамо до рамо со мене да се борите за живот во нашата Македонија.

Во вашата Македонија. Во нашата заедничка Р. Македонија.